Белами: Македонија има добар тим, ќе биде тежок натпревар
Фудбалските репрезентации на Македонија и Велс имаа успешен старт во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Нашите најдобри фудбалери во Вадуц со 3:0 триумфираа над Лихтенштајн, додека Велшаните предводени од селекторот Крег Белами на домашен терен во Кардиф славеа со 3:1 против Казахстан.
Токму Македонија и Велс ќе се сретнат во второто коло на 25 март од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.
Како знак на поддршка и солидарност, приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настрадатени и повредените во Кочани.
– Македонија има добар тим. Мораме да бидеме најдобри што можеме. Ќе биде тежок натпревар, друг тип на енергија за тој меч – се зборовите на велшкиот селектор Белами.