Барди и официјално има нов клуб! (ФОТО)
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди ќе остане да игра фудбал во Турција, каде во иднина ќе го носи дресот на Бодрумспор.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди ќе остане да игра фудбал во Турција, каде во иднина ќе го носи дресот на Бодрумспор.
Се тврдеше дека Барди се враќа во Шпанија, но нема да дојде до такво нешто. 27-годишникот имаше средба со челниците на Бодрум со кои ги договори сите детали и пристигнa во клубот на медицински прегледи.
https://x.com/bodrumspor_as/status/1882775553620775112?s=46
Бодрумспор е на 16-тото место во турската Суперлига и до крајот го чека битка за опстанок. Македонскиот играч во Турција оваа сезона настапи на само осум натпревари.
Енис Барди во Трабзон дојде во 2022 година од Леванте, а претходно играше за унгарски Ујпешт, шведски Преспа Бирлик, како и младинските тимови на Брондби и Шкупи.