Актуелно

БАЛКАНСКА ТРКА ВО ВООРУЖУВАЊЕ Србите и Хрватите посегнаа по „Рафал“, Македонија има десетгодишен план

Хрватска потрошила милијарда евра на „Рафалите“, Србија две милијарди евра бидејќи купува оружје и од Kина и Русија, а Македонија допрва ќе набави оклопни возила и лесни ПВО-системи, планирајќи да потроши 300 милиони евра во следните десет години. На БиХ ѝ се брза со набавката, но таа е закочена во институциите. Црногорците купуваат оружје на заем од САД.

Хрватска купи користени француски авиони „Рафал“, а Србија не остана покусо па набави исти такви, БиХ се потпира на донации, Црна Гора на заеми, додека Македонија, најмладата членка на НАТО од Балканот, има амбициозен десетгодишен план за набавка на американско оружје, анализира порталот Нова. Зошто поранешните југословенски републики забрзано се вооружуваат и колку тоа ги чини?

Една од причините за оваа „трка“ е што поранешните републики имаат застарена опрема. Повеќето оружја на Балканот биле или наследени од поранешна Југославија или набавени за време на војната во 1990-тите.

Повеќето од наследените оружја се од советско производство, а токму тие оружја сега се заменуваат со помодерно, главно западно оружје. Во тоа предничат земјите членки на НАТО од регионот, додека Србија, која не е членка на Алијансата, преговара и со западните производители.

Хрватска и Србија се водечки во регионалната трка во вооружување. Тие имаат најголеми армии и воени буџети во регионот.

– Србија и Хрватска во јавното мислење на целиот Балкан се видени како земји кои се натпреваруваат во вооружување. Ова е атмосферата што се создаде кај нас – сликата на трката, дека е важно ако Хрватска има 12 користени „Рафали“ дека Србија мора да има 12 нови и тогаш тоа радува добар дел од луѓето во Србија, а ги растажува добар дел од Хрватите – изјави за Нова воениот аналитичар Александар Радиќ.

Србија троши 2 милијарди и се врти кон Запад

Според Радиќ, препознатлив дел од надворешната политика на Србија било набавката на оружје од Америка за Кина, но најавата за купување на француските „Рафали“ јасно покажува дека „трендот ќе биде свртување на Србија кон Запад“. Набавката на француски повеќенаменски авиони е најголема набавка на српската армија.

– Од Франција беа нарачани и лесни преносливи ракетни системи за воздушна одбрана, нарачани се радари за надзор Талес од земја – серии Master 200, 400 и 60. Лесни борбени возила ќе се купуваат од САД, а хеликоптери „H-145“ ќе се купат од Ербас од Германија. Сите српски борбени возила, освен прототипот на борбеното возило на пешадијата „Лазански“, имаат американски мотори, американски менувачи … Општата слика е дека „Србија преку долгорочни договори и планирање на редовни набавки и сè што е потребно за домашно производство и одржување на разни средства се врти кон Запад – посочува тој.

Тука вреди да се спомне кинескиот ФК-3 ПВО-систем кој Србија го купи, а е еквивалентен на рускиот С-300 дефанзивен систем.

Тој додава дека иако сите опипливи елементи покажуваат дека Србија е свртена кон Запад кога е во прашање оружјето, набавката на оружје од Русија и Кина привлекува исклучително медиумско внимание.

– За жал, цената е многу висока, не знаеме колкава е, но веројатно е мерлива со бројките изразени во стотици милиони евра преку набавка со Русија. Досега јавно се зборуваше дека договорите се потпишани. Тоа речиси сигурно значи дека однапред е платено за делот за набавка на четири хеликоптери „Ми-35“, потоа три хеликоптери „Ми-17В-5“, систем за противвоздушна одбрана „Панцир-С1“ … Модернизација на „МиГ-29“ е во тек и за таа опрема купена е разновидна електроника и ново оружје

Кога станува збор за пари, Радиќ забележува дека Србија издвојува најмногу средства за оружје.

Тешко е да се пресмета колку е тоа, но ако се следи буџетот и плановите, од декември 2016 година кога се потпишани првите договори се надминати две милијарди евра.

– Купувањето на „Рафали“ не може да биде помало од таа цена. Само тој договор ќе ја удвои сумата што Србија ја издвојува за оружје – вели Радиќ.

Хрватската милијарда оди за „Рафал“

Според нашиот соговорник, Хрватска влегла во големи набавки, а од 2007 година до пред неколку години најголем дел од буџетот бил наменет за набавка на 126 оклопни борбени возила „Патрија АМВ“.

– Тоа се фински возила кои се приспособени на хрватските потреби. Оваа година Хрватска доби донација од САД. Се работи за првите два борбени хеликоптери „Black Hawk“, а следната количина Хрватска планира да ја набави со сопствени средства. Тие добија и лесни борбени хеликоптери „OH-53D Kiova Warior“ од САД. Во моментов се работи на набавката на хаубици „PZh2000“, кои се германски. Се очекува и набавка на оклопни борбени возила „Бредли“ – вели Радиќ.

Тој посочува дека најголема финансиска програма за Хрватска е набавката на стари користени повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ од Франција, што треба да чини 1,1 милијарда евра.

– Хрватска набавува одредени средства од сопствената воена индустрија, бидејќи тие имаат производство на автоматски пушки, пиштоли, шлемови и униформи. Тие, исто така, се обидуваат да ги одржат остатоците од бродоградбата преку изградба на патролни чамци – објаснува тој.

Македонија ќе потроши 300 милиони евра за десет години

Кога станува збор за Македонија, издвојувањата за одбрана се зголемени, а според планот во следните десет години земјата ќе вложи 300 милиони евра за оружје. Најмладата членка на НАТО се очекува да до држи „американската линија“ во набавките.

– Северна Македонија нарача американски лесни борбени возила од JLTV, што е нова алатка која во поголем број влегува во американското оружје. Дополнително, Македонците купија и поголеми оклопни борбени возила „Страјкер“, а првите примероци треба да пристигнат годинава – рече Радиќ, додавајќи дека земјата наскоро треба да започне со размена на руско-американски и американски хеликоптери.

– Преку донации Американците обезбедија и автоматски пушки за македонската армија. Друг извор за Македонците е Турција. Има навестувања дека ќе дегустираат хаубици од 105 мм од Турција. Оваа земја има своја програма за воена помош, која важи и за БиХ и Црна Гора, така што овие земји ќе добијат и турска опрема – наведува Радиќ.

На Босна ѝ се брза, набавката ја кочат институциите

БиХ не води трка во вооружување, но не затоа што не сака, туку поради политички причини.

„БиХ има активен план за набавка на оружје и воена опрема, кој е донесен пред неколку години, но тој не се реализира поради нефункционалноста на државниот систем и затоа нивните планови се само буква на хартија и ништо повеќе.

– Четири хеликоптери, но немаа среќа, еден беше уништен во несреќа пред два-три дена – посочува Радиќ.

Црна Гора купува, ама на кредит

И Црна Гора купува американско оружје, главно на кредит. Според нашиот соговорник, тоа е последица на тоа што потребата од обновување на застареното оружје и развој на одредени способности го надминува или е блиску до целиот годишен воен буџет.

– Затоа Црна Гора се снаоѓа преку заеми и има големи програми. Едната е купување возила на JLTV и оружјето за тоа возило се купува во Израел. Потоа постои голема програма за купување хеликоптери. Црногорците земаа три „412“-ки од САД. Најновиот план на Црна Гора е годинава да земе заем од 50 милиони евра за набавка на два патролни чамци, што е еднакво на воениот буџет. Поранешните заеми изнесуваа околу 30 милиони и сега ги враќаат – заклучува соговорникот на „Нова“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons