„Балансерот“ во аут, институциите ќе добијат упатства како да вработуваат со нови огласи
Откако Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на „Балансерот3 како неуставна категорија се до носењето на конечната одлука, Министерството за јавна администрација ќе испрати упатства до државните органи и институции, дознава Телма.
Министерството за јавна администрација ќе ги издаде новите инструкции за тоа како да се постапува во тековните и новите огласи за нови вработувања во јавниот сектор.
Од министерството ја потврдија оваа информација, а упатствата ќе се однесуваат на периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд.