Ацевска ја одбрани титулата балкански шампион во џиу – џица
Македонската натпреварувачка Катерина Ацевска оствари нов голем успех откако ја одбрани титулата на Балканското Опен првенство во џиу – џица во Грција.
Ацевска остана на тронот овојпат на многу повозбудлив начин, победувајќи четири борби по ред и тоа сите против натпреварувачки од Грција, сите со фул ипони 50-0.
Од Македонската Џиу – Џица Федерација очекуваат дека ова ќе биде и најдобриот резултат и успех на целиот турнир и дека ниту еден од 1329 борци нема да успее во ова.
Се упатуваат честитки до Ацевска за нејзиниот одличен настап, каде што прикажа одлична техника, одлични борби, стабилен и континуиран пристап и став, како и одлична физичка и психичка форма.
Исто така им се посакува многу успех на борците што ќе ја претставуваат Македонија и во следните два дена, а тие се Марија Треневска од клубот „СОКЕ“ од Скопје, Данил Николиски од клубот „ОСЕНСЕИ“ од Штип, Антонио Стојчески од клубот „АНГЕЛИ“ Скопје и Зоран Колевски од клубот „ДАН-КЈУ“ од Скопје.