Асмир Јахоски и Ратко Капушевски се двајцата приведени од полицијата за случајот со бизнисот со мазут
Асмир Јаоски и Ратко Капушевски се двајцата бизнисмени обезбедени од полицијата за случајот со бизнисот со мазут. Тие се приведени во полициска станица, неофицијално дознава Нетпрес.
Како што претходно објавивме, вечерва се спроведува голема полициска акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Неофицијално откриена е мрежа на увозници кои спротивно на законот испорачале некаков вид на горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата.
Според првичните информации се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари „испумпани“ преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.