Магазин

Аронијата е природна сила што го храни, штити и подмладува телото 

Се смета за супернамирница, дури и за најсилниот познат антиоксиданс на денешницата. Ова растение е отпорно на студ и разни штетници и станува сè почест избор во домашните градини. Нејзините мали, темно сини бобинки зреат кон крајот на август и септември, но благодарение на можноста да се замрзнат, да се сушат или да се преработат во сокови, џемови и сирупи, достапни се во текот на целата година. Плодовите од аронија можеби нема да го воодушеват непцето на прв залак, но нутриционистите ги сметаат за еден од најмоќните природни сојузници за здравјето поради нивната исклучителна хранлива вредност.

Аронијата е богата со антиоксиданти, особено антоцијани, поради што е рангирана меѓу најсилните природни антиоксиданти. Покрај тоа, овој плод содржи големи количини на витамини Ц, К, А и Е, како и минерали како калиум, калциум, магнезиум и цинк. Содржи и влакна кои придонесуваат за здраво варење. Свежата аронија најдобро е да се консумира во количина од 200 до 300 грама дневно, а одлично се комбинира со јаболка, боровинки или банани во смути, или како додаток на житарки и јогурт.

Заштитник од болести

Освен што го храни телото одвнатре, аронијата има и силно превентивно делување, па многубројни истражувања покажуваат дека има антиканцерогено дејство и помага во уништување на клетките на туморот, го штити црниот дроб и го поттикнува неговото нормално функционирање. Исто така, ја стимулира тироидната жлезда и е особено корисна за луѓе со хипотироидизам.

Аронијата придонесува за здраво срце – спречува кардиоваскуларни заболувања, го намалува високиот крвен притисок и лошиот холестерол, а го стимулира добриот холестерол. Помага кај жолчните камења и воспаленија на жолчката, го смирува воспалението на цревната слузница, грчевите и дијареата, а се користи и како поддршка при инфекции на уринарниот тракт.

100 грама сушена аронија содржат дури 16 грама растителни влакна, кои помагаат во регулирање на варењето и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Како да се користи

За превенција и одржување на добро здравје, се препорачува да се консумира половина до еден децилитар сок дневно, во тек на две недели, неколку пати годишно. Најдобро е да се пие после оброк. Високата содржина на пектин и овошни киселини може да предизвика благо гадење кај лица со чувствителен стомак.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons