Свет

Арапските лидери на Блискиот Исток се надеваат дека Трамп ќе ги запре војните

„Нема да започнувам војни, ќе запрам војни“. Така се пофали Доналд Трамп во неговиот победнички говор.

Тоа е она што арапските лидери ширум Блискиот Исток се надеваат дека тој ќе го направи.

Во честитки за претседател сите го повикаа Доналд Трамп да помогне во воспоставувањето на мир и безбедност во Источниот регион.

Но, има и очекување во Израел,но  и пошироко, дека тој ќе му даде уште послободна рака на својот најважен стратешки партнер во водењето разорни војни во Газа, во Либан и уште посилно да го погоди Иран.

Значајно е што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе разговарал со новоизбраниот претседател – еден од првите странски лидери што го сторил тоа. Израелските власти соопштија дека разговарале за израелската безбедност, вклучително и за „иранската закана“.

Трамп, исто така, го повикал Израел „да ја заврши работата“. Лидерите на кралството имаат блиски врски и со Доналд Трамп – Ријад беше дестинацијата за првата странска посета на Трамп во неговиот прв мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons