Апел за помош: Да бидеме хумани, на Петар му е потребна нашата помош
На 22 годишниот Петар кој боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit потребна му е нашата помош. За операција во Турција потребни се околу 50 илјади евра.
„Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има 22 год и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од не навреме поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза закоја е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра.Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин т.е. со донации . Затоа ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе успешното лекување на Петар.
Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK
IBAN:MK07270700082176215
SWIFT:EXPCMK22
Броеви за донации А1 : 143460
Телеком :143 128
Линк Go Fund Me“-напиша неговата мајка на нејзиниот фејсбук профил.