Македонија

Апелација ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити Мол“

Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот потврдуваат дека казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната за една година, детално ќе бидат образложени во пресудата, која треба да биде јавно објавена.

– Одредени се четири години затворска казна, велат од Апелација.

Претходно, Кривичен суд одреди тригодишна затворска казна за возачот Јродан Ѓоргиев. Судијката Љубинка Башевска ја изрече казната по само едно рочиште, на кое обвинетиот ја призна вината. Возачот останува во затворот во Шутка. Според судијката, Ѓоргиев не се придржувал на прописите за сообраќајот, не обрнал внимание на пешаците, а возел и со недозволена брзина.

Сообраќајката во која загина 24-годишната Викторија Николова, а нејзиното момче Леонид Даов беше повреден се случи на 20 јануари на раскрсницата кај „Сити мол“. Возачот Јордан со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, удри во двајцата пешаци кои поминувале улица. Според обвинението, возачот не обрнал внимание дека семафорите се исклучени, со тоа, иако бил должен, тој не ги пропуштил пешаците.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons