Спорт

Андреј Ѓурчиновски освои бронза на Европското првенство во билјард за млади 

Во Подчетртек, Словенија, на Европското првенство во билјард за млади, Андреј Ѓурчиновски за Македонија успеа да донесе бронзен медал.

Ѓурчиновски, 15 годишно момче, член на БСК Гранклуб, играч кој пред пет години, го прифати предизвикот, на посветеност, спортски пристап и секојдневни и повеќечасовни тренинзи, со правилна техничка надоградба и надзор, со безброј турнири.

Во својот четврти настап на ЕП, во категоријата “10ка” и во неверојатно квалитетна конкуренција на повеќе од 70 натпреварувачи од скоро сите европски земји успеа да освои бронзен медал.

-Снукер федерацијата и целата заедница од срце ти честита тебе, како и на твојата најголема поддршка, фамилијата, на клубот и твојот тренерски тим, на раководството на Билјард федерацијата, на твоите спаринг партнери, и на сите натпреварувачи во Македонија кои се радуваат денес, и ти посакува успех во иднина – стои во објавата на федерацијата.

Ѓурчиновски оствари победи над Маркус Арде од Естонија (6:2), Свит Павлинек од Словенија (6:2), Мај Бадовинац од Словенија (6:2), Јоел Нети од Луксембург (6:2), Емир Панџиќ од Босна и Херцеговина (6:5), Тимотеј Фурко од Словачка (6:3), а единствениот пораз го имаше во полуфиналето против Макс Бенко од Словенија (6:1).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons