АНБ тестираше неколку вработени на полиграф
Агенцијата за национална безбедност спровела неколку полиграфски тестирања врз свои вработени или кандидати за вработување, откако го воведе овој метод. Како што информираат оттаму и во понатамошниот период ќе го користат овој инструмент со цел избор на висококвалитетен кадар во постапката за вработување, како и за тековна проверка на професионалниот интегритет на вработените во АНБ.
-Со примената на полиграфското тестирање ги унапредуваме професионалноста, интегритетот и довербата, велат од Агенцијата за национална безбедност.