Американската амбасадорка во земјава, Агелер ја бодреше Македонија во Вараждин
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер синоќа во хрватскиот град Вараждин ја бодреше најдобрата македонската ракометна репрезентација на првиот натпревар од Светското првенство. Агелер беше во присуство на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Американската амбасада во земјава преку објава на социјалните мрежи, посака среќа на целиот македонски тим.
Македонија синоќа одигра нерешено со Унгарија на првиот натпревар на Светското ракометно првенство во Вараждин, Хрватска, 27:27 (14:14) и освои еден бод.
Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола беше најефикасен играч и најдобар поединец на натпреварот.
Во следното коло, македонската ракометна репрезентација во петок игра против Холандија. Во нашата група, покрај двете споменати репрезентации, се наоѓа и Гвинеја.