Алкараз ја доби битката со Филис: Шпанецот втор полуфиналист во Монте Карло!
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е вториот полуфиналист на турнирот во Монте Карло.
Третиот тенисер на светот кој има 21 година во драматично четвртфинале успеа да го елиминира една година помладиот Артур Филис со 2-1.
Мечот траеше два часа и 26 минути, а Филис прилично го намачи фаворитот, сепак, Шпанецот беше најдобар кога тоа беше и најпотребно и така обезбеди место помеѓу најдобрите четири.
По освоениот прв сет, Филис во вториот имаше три брејки топки, а кога не ги искористи, Алкараз израмни на 1-1.
Имаше водство Филис и во одлучувачкиот трет сет од 1-3, но и тоа не беше доволно бидејќи Шпанецот ги освои наредните пет гема и дојде до победата.