Спорт

Алкараз: „Сакам повторно да бидам број 1 до крајот на годината!“

Паузата по Вимблдон е завршена, а Карлос Алкараз и Јаник Синер се враќаат на терените во Синсинати. Во отсуство на Новак Ѓоковиќ, сите очи се вперени во дуелот помеѓу двете нови млади ѕвезди.

Иако Синер моментално има 3.430 поени повеќе на АТП листата, Алкарас ја води трката во 2025 според освоени поени оваа сезона. Тој е решен:

„Мојата цел е да се вратам на првото место до крајот на годината.“

Алкараз признава дека по УС Опен обично паѓа во форма, но вели дека сега е пофокусиран од кога било. Синер, пак, влегува во Синсинати како бранител на титулата и со самодоверба по победата на Вимблдон.

„По Ролан Гарос сакав да се вратам посилен – и тоа го направив,“ изјави Италијанецот.

Иако Алкарас има потешка жрепка во Синсинати, турнирот стартува денес и сè уште ништо не е решено. Борбата за врвот на АТП листата штотуку се разгорува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons