Алкараз немоќен, Руне го освои турнирот во Барселона
Данецот Холгер Руне славеше над Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (7-6, 6-2) и така ја освои титулата во Барселона.
Првиот сет донесе изедначена борба и во него двата тенисери освоија по еден брејк, па се играше тај-брек=јк. Во него видовме дури седум мини-брејка, Алкараз не ја искористи шансата на 3-1, потоа Руне поведе со 6-4, меѓутоа на крајот сетот го освои со 8-6.
Во вториот сет Алкараз побара медицински тајм-аут поради болки во грбот и тоа веројатно беше причина за неговата послаба игра која Руне знаеше да ја искористи.
Алкараз со овој пораз го загуби второто место од Зверев кој го освои турнирот во Минхен.