Алкараз дојде до 20. победа по ред на Вимблдон и пласман во трето финале
Карлос Алкараз врза 20 победи по ред на Вимблдон откако денеска со 3-1 (6-4, 5-7, 6-3, 7-6) во сетови го победи Тејлор Фриц во првиот полуфинален дуел.
Алкараз ги освои изминатите две изданија на Вимблдон, а дојде на една победа до својата трета титула на овој престижен грен-слем турнир.
Денеска во меч со четири сета кој траеше нешто помалку од три часа, го победи Тејлор Фриџ со 3-1 во сетови.
Првиот сет го доби Алкараз со 6-4, но во вториот возврати Фриц со 7-5 и изедначи на 1-1 во сетови.
Во третиот сет Шпанецот беше подобар со 6-3 и го врати водството, а во четвртиот сет се играше тајбрејк кој го доби Алкараз со 8-6 за победа од 3-1 во сетови.
Алкараз во финалето ќе го чека подобриот од дербито меѓу Синер и Ѓоковиќ.