Алкараз во меч со пет сета славеше против Фоњини
Карлос Алкараз после четири часа и 27 минути игра успеа да слави во првото коло на грен слем турнирот Вимблдон каде ја брани титулата од минатата година.
Шпанскиот тенисер го победи италијанскиот ветеран Фабио Фоњини (38) со резултат 3:2 во сетови 7:5, 6:7, 7:5, 6:2 и 6:1.
Шпанецот имаше водство и од 1:0 и од 2:1 во сетови, но Фоњини не се предаваше.
Во четвртиот сет, Италијанецот беше феноменален и го доби со 6:2. Сепак, во петтиот решавачки сет, Шпанецот доминираше.
Алкараз победи со 6:1, а во следното коло ќе игра против Британецот Оливер Тарвет (733 играч во светот), кој го победи Леандро Ридл (Швајцарија) со 3:0.