Спорт

Алкараз без загубен сет стигна до полуфиналето на УС Опен

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз, лесно, во три сета го победи чешкиот тенисер Јири Лехечка и се пласираше во полуфиналето каде можен противник му е Новак Ѓоковиќ.

Алкараз го продолжи перфектниот од по грен-слем турнирот, без загубен сет стигна до полуфиналето.

Денеска со максимални 3-0 беше подобар и од Лехечка. Првиот сет го доби со 6-4, со брејк кој го доби уште на самиот почеток од мечот.

Најдобар беше во вториот сет кој го доби со 6-2, а во третиот исто како и во првиот беше подобар со 6-4. Мечот траеше вкупно еден час и 58 минути.

Може да гледаме мега полуфинале меѓу Алкараз и Ѓоковиќ доколку српскиот тенисер ноќеска биде подобар од Тејлор Фриц.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons