Спорт

Алкалоид е клуб со најмногу претставници на Европското првенство

Стартува ракометното Европско првенство, а повторно дел од елитата на стариот континент ќе биде и Македонија.

Пред стартот на шампионатот традиционално се појавија многу статистики, бројки и интересни податоци поврзани со турнирот.

Според еден од нив, Алкалоид е на врвот на листата според бројот на играчи кои ќе играат на Европското првенство. Скопскиот тим е најброен во конкуренција на сите европски клубови.

Алкалоид има 14 играчи на континенталниот собир (13 се во репрезентацијата на Македонија, а Урош Борзаш ќе игра за Србија).

На второто и третото место се ланските финалисти во Лигата на шампионите Магдебург (13) и Фуксе Берлин (12).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons