Ален Рустемовски освои златен медал на меѓународниот боксерски турнир во Молдавија
Ален Рустемовски се закити со злато на меѓународниот боксерски турнир „Павел Лучевчи“ што се одржа во Молдавија.
Loading...
Македонскиот боксер Рустемовски во категоријата до 60 килограми триумфираше во финалето против Ѓорѓија Плеас од Грција со 5:0.
Рустемовски претходно го совлада Романецот Ангело Тутунеа и Молдавецот Давид Цациук.
Воедно Ален Рустемовски беше прогласен за најдобар боксер на турнирот.
Loading...
Исто така, во категоријата до 57 килограми, Адријан Рустемовски освои златен медал.
Во знак на почит кон загинатите во несреќата во Кочани, финалните борби започнаа со минута молк.