Македонија

Александар Михајловски од Велес стана вицешампион во брзо моделирање на светски шампионат во 3D-CAD брзо моделирање

Александар Михајловски од Велес стана вицешампион во брзо моделирање на светскиот шампионат во 3D-CAD брзо моделирање на Тоби Шнарс. 

Александар повеќе од 16 години е во водите на 3Д-дизајнот. Студирал на Техничкиот факултет во Битола и повеќе од 16 години работи 3Д-дизајн во Македонија, но и за странски компании. Моментално е вработен во автомобилска индустрија во индустриска зона Бунарџик.

– Овој турнир е моето трето учество на ваков настан. Учествував на 2024 Светскиот шампионат во брзо 3Д-моделирање, на кој не постигнав висок резултат. Исто така, учествував на овогодишниот „2025 Spring Open“, каде што бев втор, изгубив во финалето од истиот шампион од кој го изгубив и ова финале на Светскиот шампионат – вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons