Алармантни бројки: Над 600 пожари во Македонија од јуни досега
На денешната прес-конференција во Центарот за управување со кризи, директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али ја информираше јавноста за актуелната состојба со пожарите кои се регистрирани од јуни годинава заклучно со денес.Директорот соопшти дека во месец јуни се регистрирани вкупно 329 пожари, од кои 12 се шумски пожари, а 317 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на депонии.Во месец јули, заклучно со денешниот ден, се регистрирани вкупно 288 пожари, од кои 26 се шумски пожари, а 262 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на депонии (ѓубришта).Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните на зголемена претпазливост и одговорно однесување, особено во услови на високи температури и суво време, со цел спречување на понатамошни пожари и заштита на животната средина.