Алабаковски оди дома, одреден му е куќен притвор
Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, јавува „Телма“. По жалба на адвокатот мерката притвор, Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор.
Алабаковски, како што објавува „Телма“ веќе го напушти притворското одделение и е спроведен во неговиот дом.
34 годишниот поп пејач е осомничен за подметнување на пожарот во културниот центар Ванчо Михајлов во Битола.
Апсењето на Алабаковски предизвика голем интерес во јавноста, но и бројни препукувања и поддршка на социјалните медиуми.
Вчера беше одржан протест во Битола со мотото „Слобода за Ламбе“.