Актуелно

Активни се 8 пожари, изгаснати 3 

Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија имало 51 пожар – изгаснати се 36 пожари,  осум се активни и седум се под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите на Готен и Макешевските планини, кај селото Бешиште, Прилеп (овој пожар се шири кон Грција), гори кај селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен и Галиште, Трстеник (Прилеп и Кавадарци), во Македонски Брод актиевн е пожарот кај селата Црешево, Локвица и Крапа, во Општина Желино гори деградирана шума кај селата Церово и Групчин, борова шума гори кај Нерав, Крива Паланка, во Општина Кичево има пожар кај село Горно Црско и во Македонска Каменица кај селото Ќосевица гори борова шума.Под контрола се пожарите кај Старо Нагоричане и Куманово (Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон Димонце и Коњух), Петровец – селата  Средно и Долно Коњаре, Општина Петровец – Катланово, два пожари кај Македонски Брод село Грешница и село Латово, кај селата Драгоево и Селце, Штип и Општина Карбинци – село Јунузлија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons