Ако Русите го нападнат Киев, Украинците се заканија дека ќе „удрат“ на Москва
Aко Русите го нападнат Киев, Украинците ќе возвратат и се закануваат со удар на Москва.
Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, се закани дека ќе ѝ возвратат на Москва.
Министерството за одбрана на Русија најави дека ќе ги нападне центрите каде што се носат одлуките, вклучително и Киев, по што Арестович за каналот Fagin Live изјави дека Украина ќе возврати, пренесува UNIAN. Вели дека Украина е подготвена за таква ситуација бидејќи сѐ може да се очекува од Кремљ.
„Веднаш да кажам дека имаме големи можности да ѝ возвратиме на Русија. А тоа што сѐ уште не ги користиме, па секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, да ескалираме“, изјави Арестович.Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, вчера изјави дека ако продолжат обидите на украинските сили да нападнат руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучително и Киев. Додаде дека Русија досега се воздржала од напади на официјални лица, но тоа може да се промени.