Македонија

Ако нема договор за платите наставниците повторно ќе штрајкуваат 

До вторник ќе се знае дали наставниците ќе добијат повисоки плати или повторно ќе има штрајк. 

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по денешната рунда преговори изјави дека е постигнато усогласување за некои ставови, но сега не може да тврди дали ќе постигнат договор или штрајкот повторно ќе се активира. Она за што генерално е договорено е колективниот договор, но и за тоа треба да се прецизираат деталите.  Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека независно од крајниот исход, образовниот процес не смее повторно да се прекинува. Тој кажа дека навременото завршување на учебната година за основното образование ќе зависи од извештаите за работа доставени од директорите на училиштата и мислењето на Бирото за развој на образованието. Просветните работници бараа покачување на платите за 18 отсто, па властите понудија 12 отсто, но конечен договор засега нема. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons