Администрацијата во здравството и болничарите од Демир Хисар вријат, а Филипче тера кампања
И додека врие ситуацијата со администрацијата во здравството, болничарите од Психијатриската болница Демир Хисар го потсетуваат министерот за здравство дека тие не се помошен, туку медицински персонал, објавува Здравство.мк
-На средбата кон крајот на ноември кога министерот за здравство Венко Филипче беше во посета на Болницата имаше средба со нас и ние јасно му ги кажавме нашата барања. Прво, дека ние не сме помошен персонал, второ дека нашиот статус треба да биде како на колегите од Психијатриската болница Бардовци. Колегите болничари во Бардовци не се дискредитирани како нас, вели нашиот извор.
Нашиот извор објаснува дека работата на болничарите во Психиртрсиката болница Бардовци е ист како и на болничарите во Демир Хисар.
-Зошто лица кои работат на исти места со ист опис на работни задачи во една институција имаат едни права, други во друга институција со исти работни задачи ги немаат, прашува вработен во Психијатриската болница во Демр Хисар.
Дополнително, вели нашиот извор, револтот расте.
-Тој се сретна со нас и сега по скоро два месеци никаде го нема, а има толку многу проблеми во здрвството. Барем еден да реши, да почне од некаде, вели вработен во Психијатриската болница во Демир Хисар.