Агелер: Политичарите да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија 

Американската амбасадорка, Анџела Агелер изјави дека политичките лидери треба да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија.

Прашана како САД го коментира законот, амбасадорката рече дека нацрт законот е во парламентот и тоа е она што засега го знаат. Најважно за амбасадата на САД, вели Агелер, е процсот да биде транспарентен и правен, а граѓаните да знаат што се случува и зошто се носи таков закон.

Таа нагласи дека САД одблиску ќе го следат процесот.

Амбасадорката Агелер ги коментираше и уставните измени што треба да се донесат за почеток на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, амбасадорката изјави дека многу е важно земјата да биде дел од ЕУ поради иднината на децата и оти секоја можност треба да се искористи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons