Македонија

Автопатот Кичево – Охрид по се изгледа нема да биде готов до Нова година – Владата најавува ревизија?! 

После десет години градба, безброј анекси и ветувања наместо официјално пуштање на автопатот Кичево- Охрид како што ветуваа до крајот на декември, вицепремиерот Груби и премиерот Ковачевски сега допрва ќе бараат ревизија на проектот па и раскинување на договорот со изведувачот Синохидро.

После ревизијата ќе има и одговорност најавува премиерот.

Изминативе месеци министерот за транспорт и врски Бочварски во повеќе наврати кажуваше дека автопатот ќе биде готов до крајот на 2023 најдоцна до почетокот на 2024 година но денеска ги избегна медиумите иако изјави од него и Ејуп Рустеми директорот на ЈПДП беа најавани.

Бочварски постојано кажуваше дека проблемите за реализација на автопатот Кичево-Охрид, поврзано со имотно правни прашања, проектантски грешки, клучки се веќе решени,  на терен работеле преку 900 работници, и дека автопатот нема да поскапи дополнително.

Но денешните изјави на првите луѓе од власта алудираат на тоа дека 57 километарската траса која чини фантастични 598 милиони евра сепак ќе остане  недостижен сон за граѓаните од Југозападот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons