Авион со десет патници исчезна над Алјаска
Американските власти трагаат по патнички авион на „Беринг ер“ со десет лица, кој беше пријавен за исчезнат додека летал од Уналаклиет до Номе, Алјаска, соопшти во четвртокот државната агенција за јавна безбедност.
Во малиот турбопропектор „цесна караван“ се наоѓал пилотот и девет патници, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Алјаска се соочува со поголем број авионски несреќи од другите американски сојузни држави, се вели во извештајот на Националниот институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH). Алјаска има планински терен и предизвикувачко време, додека многу населени места не се поврзани по пат, поради што малите авиони често се користат за превоз на луѓе и стоки.
„Беринг ер“ е регионална авиокомпанија која оперира на Алјаска со околу 39 авиони и хеликоптери, покажуваат податоците на веб-страницата „FlightRadar24“. Последните податоци за летот покажуваат дека авионот летал над водата 38 минути по полетувањето од Јуналаклита во 14:38 часот по локално време, на лет кој обично трае помалку од еден час.
„Беринг ер“ сè уште не не се произнел во јавноста за овој настан.