Свет

Авион вчера прелетал без дозвола неколку европски земји 

Бугарија тргна во потрага по мистериозниот пилот кој завчера прелетал без дозвола низ воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија.

Авионот „Бичкрафт“ за двајца патници полетал од Унгарија и ги прелетал Полска и Словачка, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков. Пилотот слетал во близина на Црното Море откако накратко прелетал над српскиот и романскиот воздушен простор.

Авионот стар 60 години е пронајден со сѐ уште топол мотор на пистата на приватен аеродром во североисточниот дел на Буховац. Тој бил покриен со церада а од екипажот немало трага.

Сомнителниот авион немал план за лет, ги деактивирал транспондерите и не одговарал на радио пораки или сигнали, соопшти бугарското Министерство за одбрана. Обвинителството во Варна, во источна Бугарија, отвори истрага за инцидентот.

Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков изјави за новинарите дека авионот „во ниту еден момент не претставувал закана“.

„Леташе на многу мала височина и со мала брзина, што го отежнува пресретнувањето на ловците“, објасни министерот.

Романското Министерство за одбрана пак соопшти дека авионот што го преминал романскиот воздушен простор на рутата која ги опфаќа Орадеа, Карансебес и Дробета не покажувал знаци на непријателско или опасно однесување. Пилотот не одговорил на радио барањата и визуелните сигнали на воените авиони кои го придружувале леталото во согласност со меѓународните правила.

Според достапните информации авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен без одобрен план за летање и со исклучени транспондери. Два унгарски воени авиони го следеле леталото во воздушниот простор, а потоа бил пресретнат од два воени авиони од типот ЈАС 39 Грипен на унгарското воено воздухопловство.

Кога унгарските воени авиони се вратиле во базата два авиони Ф-16 на американското воено воздухопловство продолжиле да го придружуваат авионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons