Македонија

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ НАЈПОПУЛАРЕН – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

Железничкиот превоз и понатаму останува најмалку користен во нашата земја. Наспроти светските апели и вложувања во железниците како најеколошки превоз, кај нас, бројот на патници кои се превезуваат со овој тип ги има се помалку. 

Анализата на Државниот завод за статистика, насловена „Месечен статистички извештај“ ги содржи најновите податоци за бројот на патници превезени со железнички, авионски, автобуски и бродски транспорт. Може да се забележи дека во сите три има раст на бројот на патници, освен кај железничкиот. 

Минатата година, со железници во третио квартал биле превезени 59 илјади патници, додека во вториот 69 илјади. Во првиот квартал имало најмалку патници или 42 илјади лица кои ги користеле домашните возови. 

За споредба во првиот квартал во 2023 година биле превезени 73 илјади патници, додека пак, во истиот квартал 2022 година имало 108 илјади патници. Во вториот квартал 2022 година имало уште повеќе или 131 патник. 

Патниците кои го користат автобускиот превоз покажуваат континуитет, иако и во оваа група се забележуваат подеми и падови, сепак, генерално има слични бројки на патници кои се превезувале. 

Па така во патниот превоз во третиот квартал минатата година биле превезени 1.045 илјади патници, додека во вториот 914 илјади патници, а во првиот 918 илјади лица. Во текот на 2023 година, бројот на превезени патници се движел во слични граници. Во првите три месеци од 2023 година биле превезени 899 илјади патници, додека во вторите три месеци 1.048 илјади патници. Во третиот квартал од 2023 година биле превезени 941 илјади патници, а во четвртиот 942 илјади патници. 

Што се однесува пак до воздушниот транспорт, таму бројките се уште поголеми и овој тип на превоз бележи континуиран раст на бројот на патници. Само во третиот квартал од 2024 година биле опфатени 975.101 патни, додека во вториот квартал 815.383 лица. Во првиот квартал од минатата година со авиони биле превеени 640.165 патници. 

За споредба во текот на 2023 година нивните бројки биле пониски. Па така во првите три месеци од 2023 година биле превезени 493.096 патници, чиј број скоро се дуплира во вториот квартал кога биле опфатени 843.654 лица со авионски превоз. Во третиот квартал од 2023 година биле превезени 1.015.904 патници, додека пак во четвртиот 789.856 патници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons