Спорт

Ѓорческа ја елиминираше првата носителка за финале во Куршумлијска Бања

Денеска во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, Лина Ѓорческа ја совлада првата носителка Ралука Георгиана Сербан од Кипар со 2:0 во сетови.

Македонската тенисерка убедливо со 6:2 и 6:2 дојде до триумфот после еден час и 14 минути игра.

Во финалниот меч за освојување на трофејот Ѓорческа ќе игра против Теодора Костовиќ.

Во српскиот дуел Костовиќ ја елиминираше Ања Станковиќ по пресврт со 2:6, 6:1 и 6:4.

Турнирот во Куршумлијска Бања е од рангот W75 и се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons