Спорт

 Ѓорческа стартуваше со убедлива победа во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисерка, со убедлива победа го почна настапот на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија.

Таа во мечот од првото коло ја победи Лиса Заар од Шведска со 2-0 во сетови (6-2 6-1) за 1 час и 24 минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 5:0 во гемвои, но ривалката сепак успеа да освои два гема и да намали, но без шанса за пресврт бидејќи македонската тенисерка го освои осмиот гем во првиот сет за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет на стартот во првиот гем беа одиграни 16 поени и по четири брејк топки Ѓорческа поведе со 1:0, а потоа мечот го однесе во мирна завршница откако стигна до 5:0 во гемови. До крајот на мечот противничката освои еден гем, а вториот сет заврши со резултат 6:1 за конечни 2:0.

Во следната рунда Ѓорческа ќе игра против Ана Сискова од Чешка, која преку квалификациите стигна до второто коло.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons