Ѓорческа со победа тргна на турнирот во Куршумлијска Бања
Најдобрата македонска тенисерка победнички го стартуваше турнирот во Куршумлијска Бања совладувајќи ја Американката Ели Шоп со 2-0 (6-4, 7-6).
Во првиот сет двете тенисерки беа одлични на свој сервис, Ѓорческа освои еден брејк кој направи разлика и ѝ овозможни да поведе со 1-0.
Во вториот сет Американката почна подобро, поведе со 2-0, но Ѓорческа го врати загубениот сервис и изедначи на 2-2. Сетот стигна до тајбрејк кој Лина го доби со убедливи 7-2.
Ѓорческа во осминафиналето ќе игра против Анастасија Золотарева од Русија.
Македонската тенисерка е втора носителка на турнирот, денеска беше елиминирана првата носителка што значи дека Лина е фаворит на хартија за пехарот.