Спорт

Ѓорческа во Мадрид тргна со победа над Јапонката Саито

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна и убедлива игра го отвори настапот на челинџер-турнирот во Мадрид, совладувајќи ја ЈапонкатаСара Саито со 6-4, 6-4.

Ова за Ѓорческа е прва победа по пауза од два месеци, по серијата од два порази, а до триумфот стигна во меч исполнет со бројни брејкови. Македонската тенисерка беше поуспешна на сервис на противничката, освојувајќи дури 12 гема, наспроти петте на Саито.

Дуелот траеше околу час и половина, а Ѓорческа со голема борбеност успеа да ги приведе двата сета во своја корист со идентичен резултат.

Во следното коло ја очекува сериозен предизвик против осмата носителкаАлина Корнеева, која во моментов се наоѓа на 122. место на ВТА-листата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons