Ѓоковиќ го најави својот настап на Индијан Велс
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави видео со кое го најави својот настап на Индијан Велс.
Индијан Велс започнува на 5 март, а Ѓоковиќ го најави своето појавување таму со споделување на промо видео на социјалната мрежа „Х“.
Да потсетиме, веќе се познати потенцијалните ривали на Ѓоковиќ. Србинот би можел да игра против Карлос Алкараз во четвртфиналето, исто како што тоа го направи на Австралија опен, каде што го победи и покрај неговата повреда.
Петкратниот шампион на Мастерсот во Калифорнија е слободен во првото коло, додека во второто ќе игра со победникот од мечот меѓу Ник Кирјос и еден од квалификантите.