ШОК ВО СВЕТОТ НА СПОРТОТ: Надал кандидат за престижната награда, Ѓоковиќ не!
Рафаел Надал е номиниран за престижната награда Лауреус за најдобар спортист за изминатата година. Меѓу кандидатите го нема Новак Ѓоковиќ.
Во понеделникот беа објавени имињата на спортистите кои конкурираат за ласкавото признание.
Рафаел Надал (тенис), Арман Дуплантис (атлетика), Лионел Меси (фудбал), Килијан Мбапе (фудбал), Макс Верстапен (Формула 1), Стеф Кари (кошарка) се борат за титулата најдобар спортист во светот за 2022 година.
На списокот го нема Новак Ѓоковиќ, кој минатата сезона ја освои титулата на Вимблдон, како и завршниот Мастерс во Торино.
Во образложението за номинацијата на Надал се наведува дека шпанскиот тенисер триумфирал на два Грен слем турнири – Ролан Гарос и Австралија опен.
Во женска конкуренција кандидати се Кејти Ледеки (пливање), Сидни Меклафлин (атлетика), Шели Ен Фрејзер-Прајс (атлетика), Ига Свјонтек (тенис), Микаела Шифрин (скијање) и Алексија Путелиас (фудбал).
За тимот на годината се натпреваруваат фудбалската репрезентација на Аргентина, женската фудбалска репрезентација на Англија, француската рагби репрезентација, Голден Стејт Вориорс, Реал Мадрид и Ред Бул Формула 1 тимот.
Карлос Алкарас (тенис), Елена Рибакина (тенис), фудбалската репрезентација на Мароко, Нејтан Чен (уметничко лизгање), Скоти Шефлер (голф), Тоби Амусан (атлетика) беа номинирани за пробив на годината.
На списокот на повратници кои ја одбележаа годината се Анемик ван Влеутен (велосипедизам), Кристијан Ериксен (фудбал), Франческо Бањаја (мотоциклизам), Јакоб Ингебригтсен (атлетика), Клеј Томпсон (кошарка) и Тајгер Вудс (голф).
Фото: Youtube – screenshoot