Шефот на украинската служба за безбедност е пронајден мртов
Регионалниот шеф на украинската служба за безбедност (СБУ), Олександр Наконечни е пронајден мртов во регионот Кировоград во централна Украина.
Јулија Ткач, портпаролката на локалната администрација ја информирала јавноста за смртта на висок функционер на СБУ, објави украинскиот сајт Бабел.
СБУ и Државното биро за истраги се обидуваат да ги утврдат околностите под кои настапила смртта.
„Откако ќе се соберат и анализираат сите информации, ќе ја информираме јавноста“, рече Ткач.
Украинските медиуми пренесуваат дека тој имал прострелна рана и дека неговото тело го пронашла сопругата во семејниот дом.