Шведска ќе ги забрани мобилните телефони во сите училишта во 2026 година
Шведска ќе воведе забрана за мобилни телефони во сите училишта од 2026 година, во обид да се подобри безбедноста и условите за учење за учениците.
Од есента 2026 година, сите училишта и воннаставни клубови ќе бидат задолжително да ги собираат телефоните на учениците и да ги чуваат до крајот на денот.
Новото правило се однесува на деца на возраст меѓу 7 и 16 години, објавува „Гардијан“ .
Повеќето училишта во Шведска ги конфискуваат мобилните телефони на почетокот на училишниот ден. Сепак, учениците пронајдоа начини да ја заобиколат забраната со тоа што даваат лажни телефони или тврдат дека ги заборавиле или дека се расипани.
Шведска се приклучува на растечкиот список на земји што воведоа забрани, понекогаш и целосни, за мобилни телефони во основните и средните училишта.
Данска претходно оваа година објави дека ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата и во клубовите по часовите на училиште, по препорака на владиниот комитет кој исто така пресуди дека децата под 13 години не треба да имаат свои паметни телефони или таблети.
Норвешка објави строга минимална возраст за користење на социјалните медиуми на 15 години, додека Франција ја заостри забраната за мобилни телефони во средните училишта.