Чурлинов стрелец во победата на Јагелонија над Мотор Лублин
Денеска во 21 коло од најсилното фудбалско првенство на Полска екипата на Јагелонија со 3:0 дома го совлада тимот на Мотор Лублин.
Стрелец на вториот гол за домашниот состав го реализираше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во 59 минута.
Ова е трет гол оваа натпреварувачка сезона во шампионатот за Чурлинов во 15 настап за Јагелонија.
Првиот и третиот погодок беа дело на Кубицки во 27 и 69 минута од средбата. Од 41 минута гостите играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Сампер.
На табелата Јагелонија е на втората позиција со 41 бод, колку што има и Лех Познањ на првото место.