Свет

Чудо во САД: Сите патници преживеале пад на авион кој се запалил при уривањето 

Едномоторен авион удрил на паркинг во близина на зграда на пензионерски дом и се запалил. Сите патници се спасиле од огнениот пекол. 

Несреќата се случила во недела попладне околу 15 часот јужно од аеродромот Ланкастер во малиот град Манхајм во американската држава Пенсилванија. 

Според началникот на полицијата, петте патници во авионот биле пренесени во болница, но и натаму нема извештаи за нивната здравствена состојба. 

Брајан Пипкин, очевидец на несреќата рекол дека одеднаш авионот свртел налево, и потоа се срушил, по што веднаш се запалил. Пипкин ги информирал итните служби, а потоа и самиот се упатил кон местото на несреќата. 

На снимките во разговорите со контролата на летење, пилотот пријавил дека известува за „отворена врата“. Контролот на летаање потоа му дава дозвола на авионот да се врати и да слета, но тогаш се слуша пилотот како предупредува на пад, по што авионот паднал на паркинг. 

Вистинско чудо е што за неколку метри авионот ја „промашил“ зградата на старечкиот дом, а потоа паднал врз неколку автомобили. 

„Не сум сигурен дека ова може да го наречете чудо, но фактот што имате авионска несреќа во која сите преживуваат е прекрасна приказна“, рече началникот на полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons