АктуелноСпорт

Четворица Македонци оваа сезона ќе играат во Лигата на шампионите 

Оваа сезона Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат, ќе учествуваат 36 екипи, а ждрепката ќе се изврши денеска со почеток од 18 часот.

Македонија во Лигата на шампионите ќе има четворица фудбалери, деби настап во натпреварувањето ќе има Миовски кој настапува за Жирона, Елмас ќе игра со Лајпциг, а Ристовски и Адеми со Динамо Загреб.

Ќе има една табела, ќе се игра како лига, но не секој со секого, туку секој од тимовите ќе одигра осум натпревари со противници кои ќе му ги одреди ждрепката. Четири натпревари ќе бидат на домашен терен и четири на гостински. Ждрепката ќе биде компјутерска.

Првите осум екипи на табелата одат директно во осминафиналето, додека оние рангирани од деветтото до 24. место ќе се судрат во дополнителна плеј-оф рунда. Останатите веднаш испаѓаат.

Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите:

Прв шешир: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Барселона

Втор шешир: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Милан, Арсенал, Бенфика, Клуб Бриж, Шахтјор

Трет шешир: Феенорд, Спортинг, ПСВ, Лил, Динамо Загреб, Салцбург, Црвена Звезда, Јанг Бојс, Селтик

Четврти шешир: Слован, Монако, Спарта, Астон Вила, Болоња, Жирона, Штутгарт, Штурм, Брест

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons