МагазинНајново

Циклон над Македонија: Обилни врнежи, пад на температурите, снег и силен ветер

Денес времето ќе биде врнежливо поради циклонско влијание, со пообилни врнежи на одредени места (над 20 l/m²). Поради навлегување на постуден воздух, на планините и повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер кој може да достигне над 70 km/h.

Температурите ќе се движат од 1 до 6 степени наутро, а дневните ќе бидат од 7 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и засилен до силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови, под влијание на циклон, ќе продолжат врнежите, со пообилни количини утре и во четврток (над 20–30 l/m²). На повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а ветерот повремено ќе засилува. Од недела се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons