Циклон и јужно струење нa кратко носат топло време, дожд, грмежи и ветер
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кои ќе бидат поврзани со длабоката циклонска активност со центар над Џеновскиот залив до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни а за време на викендот ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен а за време на викендот и силен ветер од јужен и од југоисточен правец.
На повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во Скопје и околината до крајот на седмицава ќе има повремени врнежи од дожд кои особено за време на викендот тие ќе бидат обилни и проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Температурите во следните денови повторно ќе бидат во пораст особено за време на викендот и тоа поради краткотрајното јужно воздушно струење и температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината кога на повеќе места ќе се искачат над 10 степени а во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и близу 20 степени.



