Цеца Ражнатовиќ неутешна по смртта на Вања кажа само едно: Зошто Боже?
Телото на четиринаесетгодишното девојче Вања Ѓорчевска било пронајдено вчера, а полицијата соопшти дека тинејџерката е убиена.
Според извештаите, во нејзиното убиство учествувале пет лица.
Денес по големата трагедија со која очигледно е запознаена и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ сподели фотографија од Вања простувајќи се од неа.
– Зошто Боже? – напиша пејачката со скршено срце емотикон.
Да потсетиме, во неделата вечерта во околината на Скопје беше пронајдено телото на Вања Ѓорчевска (14), која исчезна на 27 ноември, а за нејзиното убиство се осомничени четири лица, од кои едното е во бегство.
Истата вечер било пронајдено и телото на П.Ж. (74) од Велес, чие исчезнување било пријавено на 24 ноември.
Трите лица Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, го признале целиот ангажман за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски посочи дека се гонат за три дела – меѓу кои убиство. Тие при признавањето, го кажале тајмингот кога била убиена Вања, а кога Панче.