НајновоСвет

Хаотична ноќ во Франција: Приведени 1.000 демонстранти, запалени 1.350 автомобили, повредени 79 полицајци 

Париз – Речиси 1.000 луѓе се приведени изминатата ноќ во нередите во Франција, кои избувнаа откако тинејџер беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на главниот град Париз.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 994 лица. Повредени се 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

Насилни протести синоќа, четврта ноќ по ред, имаше во Марсеј, Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

Министерот Дарманен побара од локалните власти ширум Франција да го запрат јавниот превоз по 21 часот. Тој не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба.

Претседателот Емануел Макрон, кој се соочува со најтешката криза од протестите на „жолтите елеци“ во 2018 година, вчера предвреме го напушти Самитот на ЕУ и се врати во Париз.

Немирите во Франција избувнаа отако полицаец во вторникот во париското предгради Нантер смртно го застрела 17-годишниот Наел М.. 

Неговата смрт повторно го разгоре незадоволството кај сиромашните, мешани урбани заедници кои се жалат на полициска бруталност и на расизам.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons