Хамбург: Судир на воз и камион, 12 повредени, се евакуираат сите 300 патници
Дванаесет лица се повредени кога попладнево брз воз се судри со камион во близина на северниот германски град Хамбург.
Во несреќата едно лице се здоби со повреди опасни по живот и е пренесено во болница. Уште еден патник се здобил со тешки телесни повреди, а 10 лица се полесно повредени.
Полицијата се подготвува да ги евакуира преостанатите 269 патници од возот.
Во возот имало околу 300 патници.