Спорт

ФОТО: Седлоски го избра почетниот состав — Данска ја напаѓаме со Растодер и Ќамили

Вечерва од 20:45 часот фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра натпревар против Данска во полуфиналето од мундијалскиот бараж, а на нешто повеќе од еден час пред почетокот на дуелот познат е и стартниот состав на нашата селекција.

За Гоце Седлоски овој натпревар е и деби на клупата откако пристигна на местото на Благоја Милевски кој ја водеше селекцијата во групната фаза. Покрај новиот напад со Ќамили и Растодер, дебито за Македонија ќе го има и Себастијан Херера на левата страна, а формацијата е 3-5-2.

Натпреварот на „Паркен“ стадионот се игра пред полни трибини, а македонски навивачи ќе бидат околу 1.000.

Фото: Screenshot

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons